10.02.2023 Скопје
Парламентот во Грција одобри амандман кој беше поднесен од Конзервативната влада предводена од премиерот Киријакос Мицотакис, односно партиите чии лидери се осудени за криминални активности повеќе нема да можат да учествуваат на парламентарните избори во Грција.
Законот се применува и кога криминалците ќе го напуштат раководството на својата партија и на свое место ќе назначат лице без кривична пресуда.
Донесувањето на законот уследи по обидот на поранешните членови на екстремно десничарската расистичка партија „Златна зора“ да учествуваат на претстојните парламентарни избори во Грција со новата партија „Грци за татковината“.
Во 2020 година, судот во Атина го осуди целото раководство на „Златна зора“ и многу нејзини членови на неколку години затвор за основање криминална организација.
Според новиот закон, оддел на грчкиот Врховен суд ќе биде одговорен за исклучување на таквите партии од изботните листи.
Подготвено од М.Н.