04.02.2023 Скопје
Од утрово системот за контрола на граничниот премин Деве Баир не е во функција и на преминот има застој за влегување во земјава.
Проблемот е за влез во Република Северна Македонија па затоа дел од бугарските државјани кои утрово сакаат да влезат се уште чекаат во колона.
Околу 150 Бугари утрово во 6.30 часот тргнале во колона со автомобили, наместо со автобуси како што беше предходно најавено, и сеуште се заглавени на граничниот премин Деве Баир.
Виктор Стојанов од Фондација Македонија преку социјалните мрежи објави снимка на која се гледа како неколку бугарски државјани се обидуваат да влезат на граничниот премин Деве Баир и упатуваат навреди и закани кон македонската граничната полиција.
Бугарскиот министер Демерџиев утрово изјави дека околу 150 бугарски граѓани ќе дојдат во Република Северна Македонија на чествувањето во Св. Спас во Скопје, на одбележувањето на 151 – годишнина од раѓањето на Гоце Делчев.
Подготвено од М.Н.