https://kultura.gov.mk/%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%bb%d0%be%d0%b6%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b2%d0%b5%d1%87%d0%bd%d0%be%d1%82%d0%be-%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b3%d0%be/

13.02.2023 Скопје

Во галеријата „КО-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер од 19.30 часот ќе биде отворена мултимедијална изложба „Вечното танго“ инспирирана од делата на Астор Пјацола и од т.н. златен период на тангото.

Се работи за традиционална изложба која, како што велат организаторите, секоја година здружува се повеќе уметници од земјата и од надвор од неа, инспирирани од тангото како интеркукултуролошки феномен и моќна врска меѓу културите, народите, ентитетите, уметностите низ светот.

По отворањето на изложбата, со свој танц перформанс ќе се придружат и членовите од Студиото за танц „Фамилија Тангови“. Во мултимедијалниот дел се предвидени и видеопроекции, перформанси, концертен настап на музичарите Драган Гоневски – виолончелист и Димитар Ганчевски – пијано.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author