14.02.2023 Скопје
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека екипи на Општина Центар извршиле увид во стабилноста на потпорниот ѕид на улицата Лазар Личеноски на Кале за кој стигнале предупредувања од граѓани дека може да се сруши.
Герасимовски истакна дека станува збор за потпорен ѕид кој е дел од скалите кои водат од улицата Лазар Личеноски до локацијата на Француски гробишта и Амбасадата на САД. Ингеренции и надлежности во овој случај нема Општина Центар поради што и не смее да постапи, но со оглед на сериозноста на работите, Герасимовски соопшти дека Општина Центар испрати допис до Градот Скопје кој согласно надлежностите „го повикавме да направи увид и го реши проблемот“.
Градоначалникот се надева на позитивен исход и брза интервенција од Градот, затоа што како што вели, брзата и взаемна соработка меѓу институциите е клучна во решавање на проблемите кои ги засегаат граѓаните.
Подготвено од А.Ѓ.