https://www.flickr.com/photos/bcjens/432248494/in/photolist-Ecoqf-EchQK-Ecnk6-EcgUK-EcnPi-Ecn1N-EcmhX-Eck3U-EckjA-Ecgte-EcoeE-EcnsS-EcfZU-EcgFt-EcihA-EckMJ-EchCt-EcnLm-EcmSV-ahrUQJ-ahoFjc-2mynaSc-2mydnwE-Eck7D-EcoeK-EcgxB-Ecnvt-EcmbG-Ecj5S-EciMM-EcgJQ-EchXP-EckKR-Ech9g-Eciqy-EciVF-2myn9S1-2mykWdK-KuATNp-paB6WT-paB7aP-oTnXow-oTnXs9-paSNAT-paSNCg-33c3JP-5m5ACD-9iicKJ-5m5AVM-5m9Sx9

01.02.2023 Скопје

Јавниот превоз во Општина Тетово минатата година е во загуба од над четири милиони денари. Поради ова, ЈП „Тетово транспорт“ поднесе барање до Советот на Општина Тетово за субвенционирање на загубите, што беше усвоено на последната седница.

Советот позитивно одлучи по ова барање и од буџетот за оваа година ќе бидат издвоени бараните средства.

Причината зошто ЈП направило толку големи загуби во работењето е поради цената на автобускиот билет, која сега изнесува само 20 денари, а за ЈП да работи со позитива, цената на еден билет би требала да изнесува 100 денари.

Претседавачот на Советот на Општина Тетово, Бесар Дурмиши, изјави дека нелогично е да се стави толку висока цена на билет бидејќи така нема да биде пристапно за граѓаните на Тетово, и затоа се во план од февруари да се направи предлог-програма со која ќе бидат предвидени субвенции кои ќе ги дава општината по еден извозен километар.

„Сумата која е потребна за покривање на сите трошоци и долгови поврзани со реализацијата на јавната сообраќајна дејност во градот изнесува 4.219.936 денари“, соопштија од Општина Тетово.

Подготвено од М.Н.

About Author