https://www.facebook.com/photo?fbid=225081769903746&set=pcb.225082903236966

07.02.2023 Скопје

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски оддржа средба со претседателот на Здружението за лица со посебни потреби СОС ВИТА, Ертан Шакир, на која прими донација за лицата со посебни потреби од општина Гази Баба.

Градоначалникот Стефковски информираше дека е обезбедна донација од 20 едноставни инвалидски колички, 5 помошни помагала, патерици за лица со посебни потреби и 5 седишта за бања. Благодарение на Здружението за лица со посебни потреби СОС ВИТА обезбедена е донација на инвалидски колички, седишта за бања, помошни помагала и патерици кои се наменети за лицата со посебни потреби од општина Гази Баба.

„Во следниот период ќе направиме мапирање на лицата со посебни потреби и истите ќе ги посетиме со цел да им овозможиме полесно да ги реализираат своите секојдневни потреби. Општина Гази Баба се грижи за сите ранливи категории на граѓани. Нашата помош и поддршка ќе ја имаат сите оние на кои тоа ќе им биде потребно. Со срце за нашата Гази Баба“, напиша Стефковски.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author