https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom/photos/a.385323608168415/5649088455125211

25.02.2023 Скопје

Општина Аеродром објави јавен повик за доделување финансиска поддршка на спортските клубови и здруженија кои дејствуваат на територијата на општина Аеродром.

Финансиската поддршка се доделува со цел подобрување на условите за професионален и рекреативен спорт во општината.

Поддршката е предвидена за спортски клубови и спортски здруженија, за реализација на спортски манифестации, за развој на училишниот спорт, за наградување на квалитетот на часовите по физичко и здравствено воспитување, за развој на спортот во делот на инклузија на учениците со атипичен развој, како и за развој на женскиот спорт.

Рокот за поднесување на пријавите е седум работни денa, почнувајќи од 24 февруари, а сите услови и документи кои се потребни можат да се видат на следниов линк: www.aerodrom.gov.mk.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса: Општина Аеродром бул. „Јане Сандански“ 109 Б,1000 Скопје или во архивата на Општината секој работен ден.

Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „Не отворај“ и со назнака „За јавен оглас за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженијаи здруженија на граѓани, кои организираат спортски манифестации“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *