15.02.2023 Скопје
Последните мерења покажуваат дека нивото на водата во Охридско езеро се наоѓа на котата од 693,19 метри надморска височина, што е за 22 сантиметри пониско од просекот за месец февруари.
Температурта на водата е 6 степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 6,5 степени во овој период.
Пониско од просечното и тоа за 1,88 метри е и нивото на Преспанското Езеро, додека пак водостојот на Дојранското Езеро е за 2,53 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
Подготвено од М.Н.