ОДРЖАНА СРЕДБА МЕЃУ ФОН ДЕР ЛАЈЕН И СУНАК ПОРАДИ ПРОТОКОЛОТ ЗА СЕВЕРНА ИРСКА

27.02.2023 Скопје

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е во посета на Велика Британија поради средба со британскиот премиер Риши Сунак.

Средбата ја потврдија официјални извори од канцеларијата на Сунак, а била во контекст на значителниот напредок што се чини и дека е постигнат договорот за Северна Ирска по Брегзит и поврзаниот протокол.

Двајцата лидери „се согласија да продолжат да работат лично кон практично и заедничко решение за опсегот на сложени предизвици поврзани со Протоколот за Ирска и Северна Ирска“, соопшти канцеларијата на Сунак.

Европската комисија ја потврди средбата, објавувајќи го заедничкото соопштение.

Подготвено од М.Н.

About Author