https://www.facebook.com/CityofSkopje/photos/pcb.6080835555295939/6080833328629495

18.02.2023 Скопје

Во организација на Град Скопје вчера се одржа првиот настан за социјален дијалог „Учи паметно, работи стручно“, преку кој се унапредува заложбата на сите релевантни чинители во системот на средното образование активно да се посветат на предизвикот за унапредување на средното стручно образование, со единствена цел да се креира квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, но и ќе ја зголеми вработливоста на младите во државата.

Исто така се планира да се склучи и Меморандум за соработка меѓу училиштата и претпријатијата, со кои ќе се овозможи зголемен број на часови по практично образование и стекнување на квалитетни практични вештини под надзор на обучени ментори.

На овој начин се дава реална поддршка за воспоставување на дуален образовен систем кој всушност значи реална усогласеност на образовната понуда во градот Скопје со потребите на локалните работодавачи, а истовремено тоа значи и оспособување на учениците полесно да се вклучат на пазарот на трудот односно го олеснува патот кон брзо и достојно вработување.

На настанот учествуваа претпријатија кои во изминатиот период беа вклучени во истражување организирано од Градот Скопје, насочено кон испитување на бараните образовни профили на пазарот на труд, на потребата од нови стручни профили и на можностите и интересот да се организира практична настава за учениците.

Исто така присуствуваа и претставници од Град Скопје, Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука, директори на средните стручни училишта на Град Скопје, претставници од стопанската и занаетчкиската комора, како и локални претставници на приватниот сектор.

Подготвено од М.Н.

About Author