https://www.facebook.com/photo.php?fbid=769883567835889&set=pb.100044427579784.-2207520000.&type=3

27.02.2023 Скопје

Во Скопје, Струмица и во Ротимље вчера беше одбележана годишнина од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Во авионската несреќа, што се случи на 26 февруари 2004 година, загинаа претседателот Борис Трајковски и осумчлена делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.

Покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

Подготвено од М.Н.

About Author