https://www.flickr.com/photos/annindk/44174459934/in/photolist-avL5LE-9AVvQN-dZQ6wG-ihBPyu-ihBVZ5-ihBfyH-ihCfQv-7LStSy-ihBz1x-ihC83g-ihCdjP-8M4Ts4-2aixDVy-ihBWG6

14.02.2023 Скопје

Од утре па сѐ до крајот на март, скопјани ќе можат да ги отплатат долговите за вода, без притоа да им се пресметува камата за задоцнето плаќање.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 15.02.2023 заклучно до 31.03.2023. Воедно, од јавното претпријатие ги повикуваат сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дека по истекот на овој период, оваа акција повеќе нема да важи. Одлуката за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата, како што објаснуваат од претпријатието, не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и за институциите кои вршат дејности од јавен интерес.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author