https://www.centar.gov.mk/wp-content/uploads/2023/02/%D0%A0%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%83%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0-%E2%80%9E%D0%9B%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-4.jpg

14.02.2023 Скопје

Утре, среда, 15.2.2023, започнува реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Митролополит Теодосиј Гологанов“.

Со проектот за реконструкција ќе се постави нов горен и долен строј на асфалт, целосна замена на водоводната и атмосферска канализациона мрежа, ќе се реконструираат старите и оштетени тротоари, ќе се воведе резидентен паркинг по цела должина на улицата, со нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.

Во првата фаза на рекоснтрукцијата ќе се изведуваат градежни активности на потегот од раскрсницата со улицата „Киро Крстевски Платник“, до раскрсницата со улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Раскрсницата со улицата „Киро Крстевски Платник“ ќе биде делумно затворена, со што возилата ќе може да се движат според поставената времена сообраќајна сигнализација. Улицата ќе се реконструира до спојот со улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, каде наизменично ќе бидат затворени лентите за движење на коловозот и сообраќајот ќе се одвива според поставената сообраќајна сигнализација и опрема. Градежните активности нема да пречат во тековното одвивање на сообраќајот.

Со обновувањето на улицата, граѓаните ќе добијат улица со нов лик и повеќе зеленило, безбедна и квалитетна, изведена во согласност со сите современи стандарди за функционалност.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author