slika dron sveti naum prezentiranje turazam evropa

14.02.2023 Скопје

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот АППТ со туристичката организација на Солун и италијанско-грчката комора се претставија на саемот „BIT–MILANO”, во Италија како една дестинација за туристите од овој дел на Европа.

Република Северна Македонија и 12 локации во Грција се претставени од птичја перспектива со помош на технологијата на дронови, преку проектот „Од горе“, што се реализира преку европските фондови, а целта е да се прикажат најдобрите природни и географски знаменитости на спектакуларен и досега несоодветен начин.

Од АППТ појаснуваат дека спектакуларното воздушно патување низ областите од Вардар до Галичица, како и езера, реки и водопади ќе ја прикажува граничната природа и географските знаменитости на начин кој досега не е претставен, и ќе се презентираат преку видеоматеријали, виртуелно реални видеа во 360 степени кои ќе го привлечат вниманието на голем број посетители.

„Силна порака за туризмот и туристичката дипломатија со заедничко претставување на македонските и грчките туристички потенцијали како една туристичка дестинација, комплементарна со атракции овозможувајќи голема конкурентност и можност за поголем број туристи и ноќевања во следните неколку години, соопшти Љупчо Јаневски, директор на АППТ.

Заедничкиот настап на саемот во Милано е дел од проектот „Interreg IPA CBC ABOVE” кој е кофинансиран од страна на Европската Унија.

Подготвено од М.Н.

About Author