turcija zemjotres

16.02.2023 Скопје

Околу 15,1 милијарди лири (6,1, милијарди долари) беа собрани на синоќешната донаторска акција организирана во Турција која беше емитувана на 213 домашни и меѓународни телевизии и 562 радија.

Турската централна банка беше најголемиот донатор, која вети 1,6 милијарди долари, додека банките Зираат и Вакиф донираа 1 милијарда и 637 милиони долари.

Во акцијата учествуваа речиси сите турски филмски и телевизиски актери кои се јавуваа на телефоните на кои се донираше, а исто така донираа и многу државни институции и граѓани.

Во рамките на кампањата „Турција едно срце“ биле испратени и повеќе од девет милиони смс пораки со кои се донираат средства за погодените во земјотресот во Турција.

Подготвено од М.Н.

About Author