lekovi

28.02.2023 Скопје

Од Здружението на фармацевти велат дека фармацевтските компании најавиле зголемување на цените на некои лекови кои се издаваат без рецепт.

Имер Имери, потпретседател на Комората на фармацевти, истакна дека имаат официјална информација од компаниите дека поскапување, особено од 1 март, ќе има кај лековите ОТЦ, каде поскапувањето ќе биде видливо, а нема најава за лековите од позитивната листа и другите лекови кои се земаат со лекарски рецепт. Воедно, истакна дека поплаки има и од граѓаните и тие имаат право, затоа што има некои лекови кои недостигаат на фармацевтскиот пазар, како што се лекови за епилепсија кои одамна ги нема, а има и некои други лекови за срце кои лекарите ги препишуваат.

Од Здружението на фармацевти велат дека од пандемијата досега, десетици лекови забележале зголемување од најмалку 20%.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author