17.02.2023 Скопје
Околу 200 новинари и медиумски работници денес се излезени на протестен марш барајќи ги своите права.
Здружението на новинари, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска организира протестен марш кој започна од пред Владата на Република Северна Македонија до Собранието, на кој заеднички и сплотено ќе се изрази незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.
На денешниот марш ќе бидат испратени пораки на ЗНМ И ССМН кои подоцна ќе бидат доставени до Владата и до Собранието на Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.