gorivo

27.02.2023 Скопје

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, пониски цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот и бензинот еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денар, а цената на бензинот еуросупер БС-95 се намалува за половина денар за литар.

Со одлуката на Регулаторна, од полноќ за 1,5 денари поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство, а мазутот поскапува за 0,064 денари.

Со одлуката на РКЕ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 проценти во однос на одлуката од 24 февруари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author