zemjotr tur

25.02.2023 Скопје

Регистриран е нов силен земјотрес во Централна Турција со јачина од 5,2 степени по Рихтер.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на местото Нигде.

Во соопштението на АФАД, земјотресот кој се случи во 13 часот и 27 минути бил на длабочина од седум километри.

Опсерваторијата Кандили извести дека земјотресот бил со јачина од 5,2 степени.

Земјотресот бил почувствуван и во околните градови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author