17.02.2023 Скопје
На повеќе од 5000 метри квадратни ќе се протега новиот спортско – рекреативен центар во Љуботенски пат, кој ќе го носи името „Бранители“.
Спортско рекреативниот центар ќе има модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова метална ограда и лед осветлување, ново баскет игралиште со специјална подлога, а ќе биде реконструирано и детското игралиште со нови модерни реквизити.
Покрај ова, градоначалникот Дарко Костовски информира дека во центарот ќе има и фитнес зона за вежбање и рекреирање, нов парк и зелени површини, како и пешачки патеки, урбана опрема и лед осветлување.
Од Општина Бутел информираат дека во овој простор во минатото пораснале многу генерации, но во изминатите години бил целосно запуштен и претворен во депонија.
Подготвено од М.Н.