08.02.2023 Скопје
Во Домот на културата „Борис Христов” во Пловдив, Република Бугарија, гостуваше Националната опера и балет на Република Северна Македонија со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон”.
Балетската претстава е инспирирана од истоименото сликарско дело на Пабло Пикасо, со либрето и драматургија на Сашо Димоски, музика на Калиопи Букле и кореографија и режија на Олга Панго, а во балетска изведба на првенки и првенци на Македонскиот балет.
Претставата ја следеше и Агнеза Руси Поповска, амбасадорката на Република Северна Македонија во Република Бугарија, и притоа оствари краток и срдечен разговор со раководните лица на двете водечки културни установи.
На почеток на настанот беше оддадена почит на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, а потоа пловдивската публика ги поздрави нашите уметници со долготраен аплауз.
Подготвено од М.Н.