28.02.2023 Скопје
Јапонскиот производител на автомобили Nissan Motor инвестира 250 милиони долари за да го зголеми производството на електрични возила во американската сојузна држава Тенеси.
Ова го соопшти компанијата, според која инвестицијата е дел од нејзината стратегија за електрификација на северноамериканскиот автомобилски пазар.
Nissan планира да започне со производство на четири EV модели до 2026 година во својата фабрика во Кантон, Тенеси. За да обезбеди снабдување со потребните компоненти, компанијата исто така ќе ја прошири својата блиска фабрика во Дечерд, зголемувајќи го производството на мотори и други компоненти на погонската спрега.
Подготвено од М.Н.