04.02.2023 Скопје
Никола Карабатиќ го продолжи договорот со ракометниот клуб ПСЖ на уште една сезона.
Карабатиќ ќе остане во францускиот клуб до јуни 2024 година, и во план е со Олимписките игри да ја заврши својата долгогодишна богата кариера.
ПСЖ објави дека ја продолжува соработката со Никола Карабатиќ за уште една сезона, и дека искусниот ракометар ќе му биде на располагање на Раул Гонзалес до јуни 2024 година.
Подготвено од М.Н.