22.02.2023 Скопје
Европската унија е блиску до воведување на десеттиот пакет санкции против Русија поради нејзината инвазија во Украина.
Се очекува денеска, доколку се надминат разликите во ставовите во однос на забраната за увоз на гума и дијаманти од Русија, да биде постигнат конечен договор, потврдија дипломати од земјите членки на ЕУ.
Десеттиот пакет санкции се очекува да вклучи и седум ирански деловни субјекти за кои се верува дека произведуваат опрема што ја користи Русија во воените операции во Украина.
ЕУ сака 10-тиот пакет санкции да опфати поединци и субјекти обвинети за нелегално депортирање на околу 6.000 деца од Украина.
Подготвено од М.Н.