energichni lugje

17.02.2023 Скопје

Со изведба на претставата „Енергични луѓе“ работена на текст на авторот Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски, Народниот театар од Охрид утревечер (18 февруари) ја започнува новата сезона.

„Станува збор за претстава чие дејство, иако се случува во времето на социјализмот во 70-тите години на минатиот век, носи исклучително актуелна порака. Дејствието на претставата има мошне комичен расплет, кој освен што ќе ја насмее публиката, носи мошне силна порака за одредени општествени моменти што се на некој начин важни“, информираат од Охридскиот театар.

Улогите во „Енергични луѓе“ ги толкуваат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн се на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева-Петровиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author