24.02.2023 Скопје

На 27.000 граѓани од целиот свет им беше поставено прашањето: кој е највалканиот град во кој сте биле? Одговорот кој ги натера сите да се согласат, за наша несреќа, не се чекаше долго.

Истражувањето покажа дека рекордот за највалкан град во светот паѓа на Италија со Рим. Недостигот од соодветен персонал и капацитети, лошо менаџирање на услугите, контејнери кои сега се застарени и секогаш преполни. Ова се само некои од главните прашања кои ги поттикнуваат римските протести против администрацијата.

За втор највалкан град е прогласен Њујорк, но градоначалникот Ерик Адам се движи во обид да го промени обој лош тренд. Во овој случај, градоначалникот Ерик Адам вети дека ќе ги исчисти улиците и веќе инвестира 11 милиони долари за купување нови возила за чистење улици и тесни простори како велосипедски патеки. Додека, пак, третото место е за Глазгов.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *