https://www.flickr.com/photos/195212960@N06/51935862400/in/photolist-2n8oSts-2nm48B6-2n7UBkF-2nc6wAx-2ndX8my-2ndo91G-2naMnDk-2nbrJ4o-2n9EVb9-2n8DCqC-2n9dSJH-2n6yZB9-2n7kcxj-2nf2ujH-2n6xD2D-2n6jugZ-2n9JUMX-2nyfiwS-2nczX8X-2nbZr3b-2nmkbyL-2nnBPWn-2nD46Zs-2nf88Nk-2n6nqDH-2nmenkQ-2n5sL7k-2nsK3yk-2n5DTve-2nqMPCq-2nH5oLB-2nkPUzs-2njJzxL-2ncUysf-2nfzxuy-2n9515e-2nnY2Cs-2nfDHeQ-2n6ELPn-2n5EtDD-2n9FWYw-2n8G2CJ-2n8fMp6-2mZAHbA-2ncyLSd-2najE58-2nbk82U-2nbDcZY-2nmb1K4-2n7K6ak

16.02.2023 Скопје

Германскиот Завод за статистика соопшти дека, околу 1,1 милион бегалци пристигнале во Германија од Украина во текот на минатата година, со што го надминале приливот на мигранти од Блискиот Исток од 2014 до 2016 година.

Во соопштението се наведува дека две третини од доселениците од Украина пристигнале во првите три месеци по руската инвазија на Украина, односно во периодот меѓу март и мај минатата година.

Не сметајќи ги тие кои се вратиле во Украина, минатата година во Германија останале 962.000 украински бегалци, што е повеќе од вкупниот број од 834.000 кои дошле од Сирија, Авганистан и Ирак меѓу 2014 и 2016 година, и со таа бројка граѓаните на Украина сега се втора по големина иселеничка заедница во Германија.

Овие податоци од Германскиот Завод за статистика се објавени во пресрет на годишнината од почетокот на инвазијата на 24 февруари која доведе до раселување на милиони Украинци.

Подготвено од М.Н.

About Author