https://www.facebook.com/photo?fbid=1391196538368207&set=gm.948964206483819

08.02.2023 Скопје

Музичкиот фестивал „Сан Ремо 2023“ го започна своето 73-то издание во салата Аристон.

Шоуто започна вчера на 7 а ќе трае до 11 февруари 2023 година, четврти пат по ред водител ќе биде Амадеус, кој годинава се појавува и како уметнички директор на натпреварот, заедно со Џани Моранди како ко-домаќин.

Медиумите во Италија објавија дека за време на преносот на последната вечер на познатиот италијански фестивал „Сан Ремо“ било договорено, украинскиот претседател Володимир Зеленски да им се обрати на гледачите преку видео врска, за да пренесе порака за мир.

„Музиката не смее да се меша со воена пропаганда“, беше напишано во петицијата против „милитаризацијата“ на фестивалот „Сан Ремо“ откако се дозна дека Зеленски ќе се обрати на овој познат фестивал.

„Војната не е спектакл. Посебно не во програмата на музичкиот фестивал“, изјави актерката и музичар Мони Овадија.

„Во средината на музичката програма, Зеленски ќе бара оружје, топови и тенкови, што е несоодветно за музички фестивал“, исто така додаде и ТВ водителот Марио Џордано.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *