https://www.facebook.com/BVB/photos/9475616519116910

20.02.2023 Скопје

Поради доминацијата на Баерн Минхен во последните години трката за трофејот во Бундеслигата не е интересна но оваа сезона работите се сменија.

По 21 одигран натпревари, на првите места се три екипи со идентичен број на бодови, 43 Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Унион Берлин.

По поразот на Баерн Минхен кај Борусија Менхенгладбах, Унион Берлин вчера пропушти да се искачи на врвот откако одигра само 0-0 против Шалке.

Но резултатите на ривалите ги искористи Борусија Дортмунд која на свој терен со 4-1 ја совлада Херта и бодовно се израмни со Баерн и Берлин.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *