strajk na medicinskite sestri vo anglija

17.02.2023 Скопје

Штрајкот на англиските медицински сестри, кои бараат значителни покачувања и подобри услови за работа, се шири и на нови служби, меѓу кои и брзата помош, а за кон средината на март нова индустриска акција најави и синдикатот на вработените во железницата.

Генералната секретарка на водечкиот синдикат „Кралски колеџ“ за медицински сестри, Пат Кален изјави дека со тешко срце бара уште повеќе медицински сестри да се приклучат во борбата за нивните права.

Кален истакна дека, следниот протест кој е најавен за 1 март ќе трае 48 часа и нема да биде како предходните кои траеа по 12 часа.

Штрајковите кои беа одржани во Велс и Шкотска се прекинати по понудите за зголемување на платите, но владата на конзервативниот премиер Риши Сунак, која е надлежна за Англија, ги отфрла нивните барања да се зголемат платите оваа година.

Покрај медицинските сестри, во последните месеци неколку пати штрајкуваа машиновозачите или други вработени во јавниот сектор барајќи повисоки плати поради рекордната инфлација во Обединетото Кралство.

Подготвено од М.Н.

About Author