10.02.2023 Скопје
Кремљ денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари ќе одржи говор за состојбата на нацијата.
Обраќањето на Путин ќе биде три дена пред првата годишнина од почетокот на руската воена офанзива во Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека на 21 февруари претседателот на Руската Федерација ќе се обрати пред Федералното собрание, кое ги обединува двата дома на рускиот Парламент.
Песков истакна дека говорот ќе се однесува на „актуелната ситуација“, особено на руската офанзива во Украина и на економската ситуација во земјата, а ќе се одржи во Конгресната палата во близина на Црвениот плоштад. Исто така, додаде дека списокот на оние кои ќе бидат поканети, покрај пратениците, се уште се подготвува и дека Кремљ се уште не одлучил дали ќе акредитира странски новинари.
Подготвено од А.Ѓ.