https://www.facebook.com/photo?fbid=494654686178397&set=a.231255619184973

01.02.2023 Скопје

По спроведената акциска контрола на возила кои што вршат јавен превоз на ученици, изречени се 65 сообраќајни прекршоци.

Три возила се исклучени од сообраќај поради истечена регистрација, а 21 возило се упатени на вонреден технички преглед, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома ќе продолжат и во наредните денови, соопштија од МВР.

„Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас“, стои во соопштението од МВР.

Подготвено од М.Н.

About Author