https://www.freepik.com/free-photo/old-rusty-junk-garbage-steel-rubber_4693987.htm#query=auto%20waste&position=0&from_view=search&track=ais

10.02.2023 Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека се константирани повеќе неправилности во координираната контрола извршена во отпадите на територијата на Скопје, која заеднички ја спровеле Полицијата, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, заедно со службеници од Царинската управа и Управата за јавни приходи. За утврдените неправилности ќе следат и санкции.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при контролата, во отпад за половни возила на улицата Качанички пат во Скопје, сопственост на М.В. и Ј.П. од Скопје, утврдени се повеќе неправилности во работењето, меѓу кои обавување дејност без дозвола за работа и без регистрација во соодветен регистар, пронајдени се нецаринети возила кои потекнуваат од странство, како и едно возило под сомнение за фалсификување, за кои се поднесени соодветни поднесоци од надлежните институции.

Во отпад пак, сопственост на 46 – годишен скопјанец, по извршена проверка во документација констатирани се повеќе неправилности во работењето, меѓу кои обавување на нерегистрирана дејност, недоследности во управување со отпад, а за затекнатите возила ќе бидат извршени дополнителни проверки.

Во соопштението се наведува дека надлежните институции изготвиле записници и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author