https://www.facebook.com/recean.md/photos/pb.100063629738294.-2207520000./216065158553892/?type=3

17.02.2023 Скопје

Новата влада на Молдавија, предводена од прозападниот економист Дорин Речеан, синоќа положи заклетва откако ја доби поддршката од мнозинството пратеници во Парламентот, каде гласаа 62 пратеници на владејачката Партија за акција и солидарност, која има апсолутно мнозинство во парламентот со 101 пратеничко место.

Откако членовите на владата положија заклетва пред претседателката Санду, таа им соопшти дека мора да ја водат Молдавија низ „многу тежок период, обележан со повеќе кризи“ и го истакна членството во Европската унија како единствен начин за „зачувување и зајакнување“ на демократскиот поредок ма земјата.

Речеан изјави дека зајакнувањето на безбедносниот сектор на Молдавија е еден од неговите приоритетите, заедно со европската интеграција, наведувајќи дека е неопходно „драстично да се спротивстави на активностите на оние кои сакаат да внесат војна во земјата“.

Претседателката на Молдавија во понеделникот изјави дека Москва планира државен удар во Молдавија со помош на диверзанти од Русија, Белорусија, Србија и Црна Гора, со цел да ја одврати земјата од европскиот пат.

Подготвено од М.Н.

About Author