06.02.2023 Скопје
Министерството за надворешни работи објави 24-часовни телефонски линии на располагање за македонските државјани во Турција по силниот земјотрес што утрово ги погоди Турција и Сирија.
Од Министерството за надворешни работи информираат дека стапиле во контакт со Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул, кои се во постојана комуникација со надлежните институции на Турција.
Во соопштението од МНР стои дека „нашите ДКП-а во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732“.
Подготвено од А.Ѓ.