11.02.2023 Скопје
Актуелната стапка на невработеност кај младите во Република Северна Македонија е најниска во историјата на независноста на државата. Оваа статистичка информација сепак изгледа многу поинаку на пазарот на труд каде компаниите „мака мачат“ во процесот на вработување соодветен кадар, поради што се почесто ангажираат пензионирани лица.
Како основен проблем се наведува намалениот број млади во државата, кој беше евидентиран и со пописот, кој покажа дека 17,5% од младите не се резидентно население.
Дел од нив заминуваат трајно, а некои се определуваат за привремена работа во блиските туристички центри ( Грција, Хрватска, Црна Гора). Во вакви услови се наметнува целата апсурдност на ситуацијата во која македонските стопанственици кадарот го бараат меѓу младите луѓе од сиромашните земји од Блискиот исток.
Оттука, алармантниот недостиг на млада работна сила налага итно превземање чекори од страна на државата.
Според податоците од 2021 година, секој четврт млад човек бил во ризик на сиромаштија, а само 2.9% од младите луѓе самовработени, се очекува овие бројки да стануваат покритични.
Подготвено од А.Ѓ.