kolichka vo supermarket

23.02.2023 Скопје

Министерството за економија ќе предложи да се укине мерката за субвенционирана струја за компаниите бидејќи компаниите од прехранбениот сектор, кои користат субвенции за струја, не ги намалиле цените на храната. Првичните податоци покажуваат дека 60 до 70 отсто од овие компании не ги оствариле своите обврски.

Мерката ќе остане да важи за училиштата и јавните комунални претпријатија.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека се работи на нови мерки за да се намалат цените на основните прехранбени производи.

Мерката што Владата ја донесе за субвенционирање на струјата на компаниите што произведуваат основни прехранбени производи ја користат над 250 фирми. Ваквата одлука стапи на сила во ноември, но првичните податоци од Државниот пазарен инспекторат покажале дека цените на храната во најголем дел останале исти од пред да стапи на сила одлуката за субвенционирање.

Министерот Бектеши соопшти дека за субвенционирање на струјата за компаниите од прехранбениот сектор досега се одвоени околу 1,2 до 1,3 милиони евра, средства што може да се користат за други мерки посебно за граѓаните кои имаат најголема потреба.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author