https://www.facebook.com/photo/?fbid=917926646196815&set=pb.100039384651153.-2207520000.

22.02.2023 Скопје

Министерката за одбрана на Република Северна Македонија Славјанка Петровска, по повод една година од започнувањето на руската инвазија на Украина, денес е во официјална посета на Киев во знак на поддршка на земјава во однос на властите во Киев за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на земјата.

„Пристигнав во земјата која една година го брани својот суверенитет и територијален интегритет. Денеска ќе имам средби со претставници на официјален Киев, на кои ќе им ја пренесам јасната и недвосмислена поддршка од Република Северна Македонија за суверенитетот на Украина и правото на самоодбрана“, напиша министерка за одбрана Славјанка Петровска на својот фејсбук профил.

Подготвено од М.Н.

About Author