mesechinata i zemjata

27.02.2023 Скопје

Научниците открија дека Месечината полека се оддалечува од планетата Земја со брзина од 3,8 сантиметри годишно.

Со оглед на тоа што Месечината е стара 4,5 милијарди години, се чини дека се обидува да се оддалечи од планетата Земја.

Станува збор за таканаречени „Миланковиќеви циклуси“ каде што малите промени во орбитата на Земјата околу Сонцето го менуваат количеството сончева светлина што го прима планетата.

Овие циклуси можат да имаат големо влијание врз климата на нашата планета и да остават докази во самата земја, а со проучување на стариот седимент, може да се измери „нишањето“ на Земјата и да се открие колку далеку била Месечината пред неверојатно долго време.

Тие откриле дека пред околу 2,46 милијарди години Месечината била околу 60.000 километри поблиску до Земјата отколку што е сега, што би резултирало со 17-часовни денови на планетата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author