
10.02.2023 Скопје
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека, дури и ако европските сојузници на Украина одлучат да испратат борбени авиони во Киев, тие нема да бидат испратени во „наредните недели“.
„Не исклучувам ништо но тоа не одговара на денешните барања“, истакна Макрон по самитот на ЕУ во Брисел на кој присуствуваше и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Велика Британија понуди да ги обучи украинските пилоти на западни авиони, додека Полска и Словачка размислуваат да испратат повеќе ловци Миг-29, кои Киев веќе ги користи.
Макрон и другите лидери на ЕУ во Брисел го поздравија Зеленски како херој и ветија дека ќе стојат покрај Украина до победата, но тие беа внимателни за неговото барање за борбени авиони, бидејќи тоа би предизвикало дополнителна ескалација од страна на Москва и ризик од отворен конфликт меѓу НАТО и Русија.
Подготвено од М.Н