https://www.facebook.com/AlposSkopje/photos/bc.AboyRx4QN16zIZXiQqROpiZcTEmM-Ob_MR13zzIFJyhOL54Dk93o2wRzYrSwHdT_VbEfacuCufsxXMj1s-PJLdpA2mS-AIV_osGrjDepLlfe1exL8WuANLGP7gqrS_0N9yZLvQZYf29uNHIQJT-HhQ2qOrPJTmkMjjmLat-zH-gvfw/1759836144312579/?opaqueCursor=AbpwQ7an0a6U3oY8JnySvojiuGfQdKHs-GwpIT8U37Ue1Gp4O-wl9isNX-uvzTWGSsdXQ6wpFllq_xxQtia-VNCfsqr12XE1VYXoBJPHYiQ5ILcYYwaYahWKSqNfdhzumbwErtOulkGWkcWQm1wIGRfgpVaJoAQdacjLW7VzHbhzZXlIW5OE_6Wu82xT4_waVEROH2Up7knH-9FHmsCa9HaOQUdChKRA8F3lyvCXTTedIAkUzYDggLtqDdkJD6FWAmvPD5Q6vH9sn1adIBBqi6BB_WGfobt5WM6rOwg_RZcFEFZoIhV6cI_tlStNOr16_m8EgJ2ixkEXEm6P514HgooKD3qvL_-yt01x4ojxtMQipD_oP5g__VIEbdUr_I4xmzvCq9s5MCujPDU_Ft1gu7Tgi69FL1rftw8C4ayvyRGn4XQ-pI_9wTFAkkD-TGM4x_2CeMxswzONBKmTKU2wekCvyp3PWvLC_LH2e8Qnqr7Plcr9VdymIg432Le09jBvj-szzxTt7mJuvk4DbtaU-9eSHBCelZDL93lBqeasSvmFM2R2hYLCeQrDdd5whLNF4HbhL1HGrF5ho1Y_1bDJ0ciL

07.02.2023 Скопје

Министерството за надворешни работи информира дека деветмината македонски државјани кои беа затекнати во загрозеното подрачје, осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција, го напуштиле погоденото подрачје од земјотрес и се на пат кон Анкара.

Во соопштението од МНР се наведува дека во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара, со две возила, учениците во текот на денот ќе пристигнат во турскиот главен град. Оттука учениците ќе бидат упатени кон Истанбул каде е обезбедено привремено сместување, сѐ до нивното заминување кон земјава кое се планира да биде во текот на утрешниот ден. Меѓу нив се и двајцата ученици кои беа повредени, и кои се во добра здравствена состојба и се чувствуваат добро.

Според последните информации, добиени утрово во 8:30 часот, во разорниот земјотрес кој ја погоди југоисточна Турција, загинати се над 3.300 турски државјани, над 20 илјади се повредени и над шест илјади згради се уништени.

Засега нема нови информации пристигнати до Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул за други наши државјани кои се наоѓаат во евентуално загрозена состојба, или на кои им е потребна помош.

Од МНР уште еднаш посочуваат дека македонските дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author