https://www.facebook.com/photo?fbid=564348279072535&set=pcb.564349149072448

07.02.2023 Скопје

Беким Максути, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти дека тимови за заштита и спасување составени од 40 лица, се упатени во реонот погоден од земјотрес во Турција, Газиантеп.

Максути информираше дека се упатени вкупно 40 лица, професионалци, од различни градови и од различни тимови за спасување од урнатини, од високи објекти, коишто со возила и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување се испратени на испомош на Република Турција.

Засега, според одлуката на Владата, планирано е тие да бидат таму околу десетина дена. Станува збор за луѓе кои имаат работено на различни обуки во државата, како и во странство, во спасување од урнатини. Поголемиот дел од нив, биле упатени и во 2019 година во Република Албанија, по тамошниот земјотрес.

Максути појасни дека во случај да треба да се пролонгира, тие ќе останат или ќе бидат заменети со други, во зависност од тоа каква ќе биде ситуацијата на терен.

Првичните тимови тргнале утринава, се очекува утре изутрина да бидат таму.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *