09.02.2023 Скопје
Денеска македонската Армија испрати дополнителен тим од 36 припадници на баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување во урнатини во Турција.
Тимот замина денеска претпладне од касарната „Илинден“ во Скопје и ќе учествува во хуманитарната операција во областите во Турција кои се најмногу погодени од катастрофалните земјотреси.
На испраќањето на дополнителниот тим од Армијата, како што соопшти Министерството за одбрана, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски им порача најпрофесионално да го вложат целиот свој потенцијал и обученост и да им помогнат на граѓаните на сојузничка Турција.
Во меѓувреме, армискиот тим кој се наоѓа во градот Кахраманмараш, непрекинато е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните, кои се наоѓаат во урнатините настанати од катастрофалните земјотреси.
Подготвено од А.Ѓ.