https://twitter.com/vonderleyen/status/1621040414491910144/photo/1

02.02.2023 Скопје

Денеска и утре во Киев ќе пристигнат повеќе од 10 високи претставници на ЕУ, меѓу кои и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Утре во Киев ќе се одржи самитот на ЕУ, што е прв ваков собир на највисоките претставници на Европската унија од почетокот на руската инвазија.

На самитот ќе се разговара за испраќање дополнително оружје и пари во Украина, зајакнување на пристапот на украинските производи на европскиот пазар, помош на Украина да ги покрие своите енергетски потреби, воведување нови санкции против Русија, одговорност на руските лидери за војната и можност за проширување европската зона без роаминг до Украина.

По сите овие теми на разговор на самитот, желбата на Украина за брз влез во Европската унија ќе остане без внимание, бидејќи ЕУ не само што очекува повеќе антикорупциски мерки од Украина, туку и не сака да прифати за членка земја во која беснее најголемиот вооружен конфликт од Втората светска војна.

Подготвено од М.Н.

About Author