10.02.2023 Скопје

Лекарската комора донесе одлука за доделување на парична донација во висина од 5 000 евра за настраданите граѓани во земјотресот во Турција.

Од лекарската комора соопштија дека средствата се уплатени во фондот „Хуманитарна акција“, воспоставен од Центарот за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција.

„Комората изразува длабоко сочувство за жртвите од земјотресот, загуба која никогаш нема да може да се надомести и ја истакнува итната потреба да се помогне. Хуманоста и солидарноста е основен предзнак на лекарската професија, а сега е важен момент кога сите, согласно своите можности, треба тоа да го покажат на дело“, се вели во соопштението.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *