16.02.2023 Скопје
Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, донираше 10 милиони долари на хуманитарната организација „Маке А Wish“ пред неговиот 60 роденден.
Од хуманитарната организација изјавија дека тоа е најголемата донација која поединец ја уплатил во 43-годишната историја на оваа хуманитарна организација.
Шестократниот НБА шампион кој е воедно и партнер со оваа хуманитарна организација изјави дека за него е голема чест што во изминатите 34 години, бил во партнерство со „Маке-А-Wish“, и што има допринесено многу деца да добијат насмевка и среќа. „Нивната сила и отпорност во толку тежок период беше навистина голема инспирација“, истакна Мајкл Џордан.
Мајкл Џордан од 1989 година ја поддржува оваа организација. Во 2008 година беше именуван за амбасадор на организацијата која го промени животот на многу деца и нивните родители. Се работи за хуманитарна организација која помага на децата со тешки болести.
Подготвено од М.Н.