01.02.2023 Скопје
Зимското невреме, проследено со ледена бура, парализира поголем дел од САД, предизвикувајќи откажување на повеќе од 1.700 летови низ земјата, запирање на сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас и предизвикувајќи сериозни сообраќајни несреќи во Тексас, сојузна држава која што не е навикната на мраз.
И во текот на денешниот ден се очекуваат неколку серии мешани врнежи, вклучувајќи и замрзнат дожд и лапавица, што значи дека некои региони би можеле да бидат погодени од невремето повеќе пати предупреди Федералната метеоролошка служба.
Во Тексас биле пријавени околу 7.000 прекини на електричната енергија во еден ден,а тоа се должело на мраз на далноводите или соборени дрвја.
Во Арканзас, републиканската гувернерка Сара Хакаби Сандер вчера прогласи вонредна состојба поради ледената бура и соопшти дека лошите услови на патиштата ја запреле утринската испорака на намирници до продавниците.
Училиштата и колеџите во Тексас, Оклахома и Арканзас најавија дека ќе бидат затворени, а наставата ќе се изведува онлајн.
Подготвено од М.Н.