https://www.facebook.com/photo.php?fbid=699413184885745&set=pb.100044512086347.-2207520000.&type=3

21.02.2023 Скопје

Премиерот на Косово Албин Курти изјави дека е „голем оптимист за тоа дека, конечниот договор со Србија ќе биде постигнат оваа година“.

„Сакаме целосна нормализација на односите, што подразбира взаемно признавање. Убеден сум дека средбите на високо ниво што ќе се одржат оваа година ќе придонесат да бидеме поблиску до договор во согласност со европскиот предлог, што го иницираа Франција и Германија“, истакна Курти.

„Мислам дека следната средба во Брисел ќе покаже на што можеме да се надеваме оваа година“, изјави Курти и додаде дека за било каков исход е потребно големо и значително учество на меѓународната заедница.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *