06.02.2023 Скопје
Косовскиот премиер Албин Курти ги повика западните сили да не вршат притисок врз неговата мала балканска земја да прифати спорно здружување на пет општини со мнозинско српско население, што ги зголемува тензиите меѓу Косово и Србија.
Курти деновиве рече дека српската влада треба да ја признае независноста на сите поранешни републики на поранешна Југославија со цел „да се соочи со минатото“.
Исто така, истакна дека фокусот треба да биде ставен врз тоа Србија да стане подемократска и да се ослободи од хегемонистичките идеи на Белград.
Подготвено од А.Ѓ.