https://twitter.com/albinkurti/status/1591026738691158017/photo/2

28.02.2023 Скопје

Косовскиот премиер Албин Курти истакна дека бил подготвен да го потпише вчерашниот договор во Брисел, но српската страна тоа го одбила.

По средбата во Брисел, Курти смета дека е загуба затоа што ништо не е потпишано. Тој истакна дека тоа е договор кој целосно ја воспоставува рамноправноста на страните, договор на симетрија, добрососедство и соработка во иднина, секогаш на демократски и европски начин, потенцирајќи дека не потпишал затоа што другата страна „не сакаше да потпише“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорите со европскиот комесар за надворешни работи, Жозеп Борел, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, и премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека денеска не разговарале за Европски предлог за решавање на косовското прашање, туку за имплементација на претходно постигнатиот договор, каде на прво место е формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО).

По средбата, Борел изјави дека разговорите биле интензивни и дека и Вучиќ и Курти покажале одговорност. Тој додаде дека претседателот на Србија и премиерот на Косово на трилатералната средба во Брисел се договориле дека не се потребни дополнителни дискусии за текстот на предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и дека текстот наскоро ќе биде објавен на веб-страницата на ЕУ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author